Обвинение за убиецот на Никола Христовски

Фото: илустрација

Обвинетиот извадил нож со сечиво од девет сантиметри и ја прободел жртвата во градниот кош, тврди ОЈО.

После завршената истрага, скопското Јавно обвинителство денеска против 18-годишен скопјанец поднесе обвинение за сторено кривично дело убиство на миг, дело, кое според истрагата е сторено на 18 август на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче. Во обвинителниот акт, според ОЈО, делото било сторено во состојба на силна раздразнетост. Обвинетиот со умисла убил Никола Христовски, тврди ОЈО.

„Група од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот започнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок“, пишува во обвинителниот акт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот