Обвинение за скопјанец кој чувал кокаин и марихуана во својот дом

Марихуана /Фото: Профимедиа

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на бул.„Гоце Делчев“, во повеќе наврати во периодот од јуни до средината на септември, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин и марихуана. При извршени три претреси на неговиот дом во наведениот период била пронајдена дрога во помали количества, како и сива дигитална вага со траги од хероин и кокаин- наведуваат во соопштението од ОЈО.

Со оглед на тоа што се работи за лице претходно осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител процени дека постои опасност тој да го повтори делото или да се даде во бегство, па до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот