Обвинение поради хероин скриен во ретровизор

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на возраст од 57 години, на 28 април неовластено заради продажба набавил наркотична дрога хероин со вкупна тежина од 10 грама. Дрогата, спакувана во две полиетлиенски ќесички, била пронајдена скриена зад огледалото на левиот ретровизор од неговиот автомобил Ауди А6.

Бидејќи се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот