Обвинение и за 23-годишен Ирец за „камионот на смртта”

Фото: Профимедиа

Британското обвинителство го обвини и 23-годишниот Ирец, Кристофер Кенеди, за смртта на 39 Виетнамци чии тела минатиот месец беа пронајдени во камион ладилник.

Полицијата наведе дека Кенеди е обвинет за завера за организирано шверцување луѓе и завера дека ги прекршил британските имиграциски закони.

Пред судот тој ќе се појави утре.

Телата на починатите Виетнамци беа откриени на 23 октомври во местото Грејс.

Полицијата претходно го обвини и 25-годишниот Морис Робинсон, возачот на камионот од Северна Ирска, по 39 точки за убиство од небрежност и завера за шверцување луѓе. Во обвиненето се наведува дека тој го донел камионот до Парфлит, во Англија, каде бил преземен ладилникот што со траект пристигнал од Зебриж, во Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот