ОБСЕ со препорака со властите во Белорусија: Распишете нови избори

ОБСЕ
ОБСЕ / Фото: Архива на Слободен печат

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) им препорача белоруските власти да ги поништат резултатите од претседателските избори на 9 август поради неправилности во сите фази на организирање и однесување.

Извештајот беше презентиран денескa на затворен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, јави агенцијата ТАСС.

Документот препорачува властите да организираат нови претседателски избори во согласност со меѓународните стандарди во изборниот процес.

Официјален Минск се повикува навремено да ги покани набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, да обезбеди учество на членовите на јавноста во изборните комисии и да го усогласи гласачкото право со стандардите препорачани од ОБСЕ и ОН.

Во извештајот се наведува дека изборите во Белорусија имале очигледни недостатоци и не ги исполнувале нормите за следење на изборниот процес.

ОБСЕ тврди дека има убедливи докази оти претседателските избори на 9 август биле наместени и дека безбедносните сили на земјата извршиле масовно и систематско кршење на човековите права како реакција на мирните протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот