ОБСЕ: Корупцијата низ цела Европа ќе порасне заради пандемијата

Финансирањето за итни случаи, насочено да помогне за опоравување од економскиот пад предизвикано од пандемијата, веројатно ќе ја поттикне корупцијата низ цела Европа, предупредува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Во нивна изјава се нагласува дека криминалците се многу прилагодливи во кризни ситуации и ќе најдат начини да применуваат измами за помош.

Државите погодени од пандемија во блокот 57 држави на ОБСЕ ќе бидат дополнително соочени со корупцијата во наредните месеци, изјави Томас Гремингер за австриската новинска агенција АПА.

„Се сомневаме дека во наредните месеци ќе бидеме сведоци на многу поголема корупција”, рече швајцарскиот дипломат и генерален секретар на телото со седиште во Женева.

„Криминалците брзо се прилагодуваат на слабостите на социјалните системи предизвикани од коронавирус кризата”, наведува Гремингер, додавајќи дека трговијата со луѓе исто така веројатно ќе се зголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот