ОБСЕ ќе ги учи судиите и обвинителите како до поквалитетни обвиненија и до поголема конфискација

Судии судија судство
Илустрација: судија / Фото: Архива на „Слободен печат“

Со цел да се подобри квалитетот на правдата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпиша Меморандум за разбирање со Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Со тоа, мисијата ќе обезбеди напредна обука за судии и обвинители со посебен фокус на зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата и дискриминацијата.

– Нашата обука е насочена кон поквалитетни обвиненија, како и кон зголемување на конфискацијата на имотот стекнат преку криминални активности – рече Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Според него, и двете аспекти се многу важни за ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

– Тоа значи дека криминалците ќе добијат повисоки казни и нема да можат да уживаат во незаконски стекнатото богатство – објасни тој.

Меморандумот за разбирање е со времетраење од три години. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе го следи спроведувањето на курсевите за обука преку нејзината програма за мониторинг на судски процеси.

– Ние сме благодарни за поддршката што ја добиваме од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Преку нашите заеднички напори, ќе инвестираме во квалитетот на тековните и идните правни професионалци, што ќе го подобри правосудниот систем – заклучи Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот