ОБСЕ: Градоначалници да ги извршуваат транзициските обврски од алтернативни локации

Постојаниот совет на ОБСЕ преку својот претставник САД кој се обрати и во име на Франција, Италија, Германија, Италија и Велика Британија, издаде заедничко соопштение денеска во кое се осудува развојот на настаните на северот од Косово и се повикува градоначалниците да ги извршуваат транзициските обврски од алтернативни локации.

-Го осудуваме неприфатливото насилство врз војниците на КФОР, безбедносните служби и новинарите, се вели во соопштението.

Се истакнува дека одлуката на Владата на Косово остро и непотребно ги ескалирала тензиите со принудното спроведување во општинските згради.

-Премиерот Курти и неговата влада треба да осигураат избраните градоначалници да ги извршуваат своите транзициски обврски од алтернативни локации надвор од општинските згради и да ја повлечат полицијата од општинските згради, се вели во соопштението.

Од друга страна, се додава дека претседателот Александар Вучиќ и Владата на Србија треба да го намалат безбедносниот статус на српските вооружени сили и да ги повикаат косовските Срби да престанат да го предизвикуваат КФОР и да се воздржат од понатамошно насилство.

ОБСЕ ги повика Косово и Србија веднаш да ги вратат заложбите за ангажман во дијалогот за нормализација на односите воден со посредништво на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот