ОБСЕ: Централизирано информирање на српската влада за епидемијата

Одлуката на српската влада може да има негативно влијание најмногу врз локалните медиуми, вклучително и на нивниот капацитет да известуваат за локалните теми поврзани со пандемијата”. 

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Арлем Дезир и шефот на мисијата на ОБСЕ во Србија, Андреа Орицио, денеска изразија загриженост за новата одлука на српската влада за информирањето за време на вонредната состојба со пандемијата на коронавирус и влијанието која одлуката може да ја има врз слободниот пристап до информации.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението на ОБСЕ се наведува дека „одлуката се чини да новинарите и медиумите ги исклучува да добиваат информации за пандемијата од други извори, освен од оние што се споменати во одлуката”.

Дезир кажа дека „пристапот до информации е од клучна важност за медиумите” кои, во време на здравствена криза, „имаат важна улога во обезбедувањето значајни информации за јавноста и во борбата против ширењето на лажни информации за пандемијата”.

Прочитајте и...  Италија пред нов предизвик: Поради намалените економски активносте се очекува пад на БДП до 13 отсто

-Иако целосно ја разбирам потребата од борба против емитувањето лажни информации за време на оваа здравствена криза, јас сум загрижен за влијанието на оваа одлука врз работата на медиумите и новинарите, како и нивната способност да известуваат за пандемијата и да објавуваат информации кои потекнуваат од разни извори”, оцени Дезир.

Тој „нагласи дека одлуката (на српската влада) може да има негативно влијание најмногу врз локалните медиуми, вклучително и на нивниот капацитет да известуваат за локалните теми поврзани со пандемијата”.

Прочитај повеќе

Таткото на Моника пријавил дека бил нападнат од својата ќерка, таа вели дека сам се удирал во ѕид

Слободен печат

Анкета: Германците ги менуваат своите навики – помалку месо, повеќе готвење дома

Слободен печат

НБ: Позначајни движења кај останатите финансиски институции во првиот квартал на 2020 година

Слободен печат

Трамп: Националната гарда пристигна во Минеаполис, подготвени се

Слободен печат

Зибери: На погребот имало 200 души, семејството на покојникот со Ковид 19 не сака да се тестира

МИОА: Граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона, да се заштитиме себе и нашите најблиски!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Државниот завод за статистика одбележува 75 години

Слободен печат

Во соработка со УНИЦЕФ набавени нови респиратори за јавното здравство

Слободен печат

Нетанјаху: Кон Израел ќе припоиме третина од Западниот Брег

Слободен печат

Седницата на Советот за безбедност ќе почне во 12 часот напладне во Вила Водно

Слободен печат

Субвенции за Грците за купување електрични автомобили, мотори и велосипеди

МИА Агенција

Исмаили: Обезбедивме финансиска поддршка за културните работници (ВИДЕО)

Слободен печат