ОБСЕ апелира СЈО да добие нов мандат

Многу сме загрижени за нацрт Законот и за рокот на постоење на СЈО бидејќи неговиот мандат наскорто завршува. Важно е СЈО да продолжи да работи на независен и професионален начин. Ние ја цениме напорната работа на СЈО и нивните резултати, изјави денеска на прес конференција во Скопје амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Марија Лаура Фериоли офицер за владеење на правото од мисијата на ОБСЕ изјави дека првиот нивен Извештај се однесува за потврдувањето на обвинениеја на СЈО, а вториот се осврнува на првите две години од работата на СЈО од ноември 2016 до ноември 2018 година.

– Ова е различен Извештај бидејќи се заснова на нашите набљудувања во судницата во 20 предмети кои ги има СЈО. Извештајот има четири дела и секој се осврнува на правата за фер судење и притоа даваме препораки што треба да биде подобрено.

Првата суштинска работа е присуството на обвинетите на судењето. Околу 14 отсто е стапката на отсутноста на обвинетите на судењета и законот дозволува судот неограничено се додека обвинетиот има потреба да се одложуваат судењата.

Препорачуваме судот подобро да ги проверува причините за одлоќување и тоа да го право само кога обвинетите се болни, а не треба работни патувања или обврски да бидат причина за одлагање на рочиштата. Тројца обвинети од СЈО избегаа од правдата, меѓу нив и Никола Груевски.

На некој кој му е судено во отсуство може да се повтори случајот само ако тој не бил свесен дека му се суди, што не е случај со личноста спомената во нашиот Извештај. Стапката на одложувања рочишта се намалува и сега изнесува 33 отсто од вкупниот број случаеви. Судиите не преземаат активно менаџирање на предметите. На пример за приговорите на одбраната или прифатливоста на доказите треба да се посветат пред да започне постапката и тоа би било поефикасно ако се стори пред почеток на постапката. За доказите на СЈО имаме впечаток дека обвинителството недобро ги избира сведоците. Има многу сведоци и материјали, но нејасно е објаснета нивната поврзаност. Методите на испрашување на сведоците СЈО ги има преземено од англосаксонскиот систем. Гледаме дека двете страни не се вешти во испрашување на сведоците.

Во досегашните постапки одбраната имаше пристап до доказите, но не и до „бомбите“ на СЈО и обвинителствот нејасно објаснува зошто копиите од снимките не им беа лесно достапни – изјави Лаура Фериоли.

Специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека тие остануваат посветени на нивниот мандат и предметите кои ги имаат, притоа трудејќи се да обезбедат повеќе докази за да му олеснеле на судот во донесување на осудителните пресуди.

– Недозовливо е и после три години од доставување на предметите, судот да нема донесено пресуди за обвиненијата. Мора да има пракса некој судија или судија поротник од причини согласно законот да бидат отстранети од некои судење. Сите забелешки на ОБСЕ ќе ги разгледаме и нашата работа во иднина ќе биде подобрена – изјави Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот