Обрнете внимание: Пет знаци дека на вашето тело му недостасува овој неопходен минерал

главоболка
Фото Профимедиа

Сите клетки во човечкиот организам содржат железо и најголем дел од железото во телото е во нашите црвени крвни зрнца. Црвените крвни зрнца го транспортираат кислородот од белите дробови до органите и ткивата низ телото.

Овој минерал од групата олигоелементи на организмот му е потребен во мошне мали количини. Но, организмот не е способен сам да го создаде, туку се внесува исклучиво преку храната. Ако нашето тело нема доволно хемоглобин, нашите ткива и мускули нема да добијат доволно кислород за да можат ефикасно да работат, а тоа доведува до состојба наречена анемија.

Постојат различни видови на анемија, но слабокрвноста со дефицит на железо е најчеста во светот.

Еве кои симптоми кои може да укажуваат на тоа дека на вашето тело му на недостасува поголема количина железо.

1. Постојано сте изморени

Можеби најчестиот симптом на недостаток на железо е тоа што луѓето кои го имаат постојано се чувствуваат изморено. Секако, чувството на замор не е сосема невообичаена состојба, но преголемиот замор може да укаже на нешто посериозно. Ако се чувствувате премногу изморено и не знаете зошто, недостатокот на железо може да биде опција.

2. Краток здив

Кога нивото на хемоглобин е ниско поради недостаток на железо, нивото на кислород исто така ќе биде ниско. Тоа значи дека вашите мускули нема да добиваат доволно кислород за да извршуваат нормални активности, како што е одењето. Како резултат на тоа, брзината на дишењето ќе се зголемува како што телото ќе се обидува да добие повеќе кислород. Поради тоа, отежнато дишење е чест симптом.

3. Анксиозност

За многу луѓе е вообичаено да се чувствуваат вознемирени одвреме-навреме, но ако се чувствувате така секој ден за време на интензивни временски периоди, тоа може да биде симптом на недостаток на железо.

4. Главоболка и вртоглавица

Недостатокот на железо може да предизвика главоболки, особено кај жените. Може да се појават главоболки бидејќи ниското ниво на хемоглобин во црвените крвни зрнца значат дека до мозокот не доаѓа доволно кислород. Како резултат на тоа, крвните садови во мозокот може да отечат, предизвикувајќи притисок и главоболки.

5. Екстремно бледо лице

Хемоглобинот е исто така дел од нашата крв што ја прави бојата на крвта црвена, така што без него крвта ќе ни биде поблага. Бидејќи крвта игра голема улога во изгледот на нашата кожа, може да забележите дека изгледа побледо поради недостаток на железо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот