Обрнете внимание на ова! Што ги привлекува мувите, крлежите, пчелите и комарците

Фото: Профимедиа

Летото е совршено време за скара, кампување и други активности во природата.

За жал, дури и најидиличниот пејзаж има свои недостатоци, бидејќи кога се одмараме на свеж воздух мораме да ги избегнуваме комарците, мувите и крлежите. Ова може да се спречи на неколку начини. Боите на облеката што ја носиме исто така нè прават повеќе или помалку привлечни за инсектите.

Добрата облека е неопходна

Комарците „сакаат“ да зујат околу увото и безмилосно да гризат. Во ливадите и градините има пчели и разни ситни мушички, додека крлежите може да се донесат не само од шумата, туку и од градскиот парк или тревникот во близина на куќата. Инсектите можат да бидат не само проблематични, туку и опасни. За да се избегне несакан контакт со овие инсекти, вреди да се прибегне кон различни мерки. Исто така е важно да се облечете соодветно.

Бои кои ги привлекуваат

Истражувањето на научниците од три различни универзитети во САД и Германија покажа дека е поголема веројатноста комарците да таргетираат одредени бои кога ќе откријат извор на јаглерод диоксид. Најатрактивни бои за нив се црвената и портокаловата, а ги привлекува и црната и сино-зелената. За возврат, боите како бела, сина, зелена и виолетова ќе ги избегнуваат, бидејќи не им се толку привлечни.

Крлежи

Постои верување дека крлежите ги привлекува белата боја, но тие немаат очи, туку имаат вилици со рецептори кои ја бележат концентрацијата на јаглерод диоксид и млечна киселина во потта, движењето на воздухот и топлината. Ова им е доволно за успешно да ги таргетираат своите жртви. Експертите сметаат дека во текот на излетот во ливада или шума, вреди да се избере, спротивно на она што се верува, облека со интензивни бои, бидејќи на нив полесно ќе се забележат темните крлежи.

Пчели

Пчелите можат да бидат особено опасни за луѓето алергични на нивниот отров. Ако сакаме да го избегнеме нивното друштво, подобро е да избегнуваме облека во бои како што се сината, виолетовата и зелената. Но, и нијансите на црвена и портокалова се привлечни за пчелите.

Д-р Бранимир Несторовиќ откри трик: Кој го пие овој витамин, од него бегаат комарците

Град Скопје: Наредниве денови ќе се прска против комарци од земја и од воздух

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот