Обрнете внимание: Дали правилно јадете овошје?

pexels

Природно е и здраво, полно со витамини, антиоксиданти и растителни влакна – ако случајно не знаевте, овошјето е одличен избор за вас, но само ако го консумирате правилно.

Постојат неколку работи што треба да ги знаете пред да почнете да ја јадете следната „порција здравје“. За почеток, прочитајте кои се најчестите грешки што ги правите кога е во прашање овошјето.

Убедени сте дека сите овошја се исти

Не можете да изберете меѓу чинија ананас и чинија боровинки? Иако ананасот и боровинките се одличен извор на витамини (ананасот содржи многу фолати и витамин Б6, додека боровинките се полни со растителни влакна и витамин Ц), сепак многу се разликуваат во процентот на јаглехидрати, шеќери и влакна. Најдобар избор е овошје што содржи најмногу полифеноли (хемиски соединенија кои се одлични за лекување воспалителни процеси) како и низок гликемиски индекс.

Profimedia
Фото: Profimedia

Овошјето со низок гликемиски индекс најчесто бавно се вари и нема да го зголеми нивото на шеќер во крвта, а истовремено подолго ќе се чувствувате сити. Општо правило е дека овошјето со потемна кора е побогато со антиоксиданти и содржи помалку шеќери, па боровинките се (малку) подобар избор од ананасот.

А, кога станува збор за кората кај овошјето, таа е најдобриот дел од него. На пример, кај јаболката е богата со витамини А и Ц, а некои истражувања откриваат дека јадењето кора од овошје може да ги намали ризикот од рак и дебелеење. Секако, ако не знаете дали овошјето што го купивте е прскано, подолго мијте го и оставете го да покисне во сад со вода, барем половина час пред да го јадете.

unsplash

Не ги приспособувајте порциите според нивото на глад

Чувствувате дека стомакот ви е празен, а вечерата е дури за неколку часови? Или едноставно сакате да грицкате нешто? Пред да посегнете по овошје, размислете за тоа дека, на пример, едно големо јаболко содржи 120 калории, за разлика од малото кое содржи одвај 53 калории. Исто така, немојте да ги споредувате портокалот и јаболкото, бидејќи голем портокал содржи калории колку мало јаболко.

Иако парче овошје само по себе е подобар избор од парче чоколадо, сè уште постои шанса шеќерот во крвта нагло да се покачи, а потоа да падне. Ако на овошјето му додадете малку протеини, на пример парче сирење или малку јаткасти плодови, лесно ќе го решите овој проблем. Овошјето ќе го зголеми нивото на инсулин, а протеините ќе го намалат нивото на глукагон, а тоа е важно бидејќи овие два хормона заедно работат на стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пиете овошни сокови и јадете суво овошје

Овошните сокови без разлика дали сте ги купиле во продавница или сте порачале во кафуле, не содржат еден од најважните делови – влакна. Тие го забавуваат ослободувањето на гликоза во крвотокот, поради што е многу подобра опција да го изедете овошјето. Исто така, можете да го подготвите во смути, бидејќи во тој случај сите нутриенти ќе останат во него.
Исто како со овошните сокови, можете да претерате и со сувото овошје. Избегнувајте го (освен ако не сте го подготвиле сами) бидејќи купечкото содржи многу конзерванси и дополнителни шеќери.

Видео на денот