Образовна ТВ-серија за учење англиски јазик наменета за средношколци и студенти

Од денеска до 8 јуни во термините од 12.10 и од 19 часот на МРТ 1 се емитува нова образовна серија „The Word on the Street” наменета за средношколци и студенти, копродукција на Британски совет и Би-би-си и посветена на предавање и учење англиски јазик.

– Новата ТВ-серија има за цел да ги подобри вештините за говорен англиски јазик кај популацијата од 15 до 25-годишна возраст и да ги запознае младите со британската култура. Серијата е направена во популарен телевизиски формат со интервјуа и мини квизови. Кај нас серијата можат да ја следат и основци. Нивото на јазикот е помеѓу Б1 и Б2 според Европската јазична рамка и одговара на нивото на јазикот што го изучуваат и средношколците и студентите во земјата според нашите наставни програми, објави Министерството за образование и наука.

„The Word on the Street” ќе се емитува и во други земји од регионot. Проследена е со онлајн ресурси за вежбање и учење: https://learnenglish.britishcouncil.org/general-english/word-street, додека останатите ресурси за предавање и учење на англискиот јазик се достапни на веб-страницата на Британскиот совет: https://www.britishcouncil.mk/en/stay-home

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот