Образованието е генерациски тесно поврзано со сиромаштијата, велат научниците

Сиромаштија / Фото: Архива на Слободен печат

Децата на помалку образовани родители во ЕУ имаат три ипол пати поголема веројатност кога ќе пораснат да живеат во сиромаштија споредено со децата чиишто родители се факултетски образовани, објавува Вечерњи лист.

Ова се резултати од истражување на ЕВРОСТАТ за приходите на сиромашните и влијанието на родителското наследство врз нивниот живот.

Просечната стапка на ризик од сиромаштија во ЕУ кај лицата чиишто родители имале низок степен на образование изнесува 20,3 отсто, додека за оние чиишто родители имале средно образование е 12 отсто, додека кај високо образованите родители е 8,6 отсто.

Опсегот на луѓе во ризик од сиромаштија кои имале родители со низок степен на образование бил над 20 отсто во десет членки на ЕУ: Естонија, Грција, Луксембург, Шпанија, Италија, Полска, Летонија, Латвија, Бугарија и Романија, со тоа што најголема стапка е забележана во Романија (37 отсто).

Спротивно, најниски стапки на сиромашни кај децата на послабо образовани родители има во Чешка, Данска, Холандија и Финска што значи дека пошироката општествена заедница има важно влијание врз животните услови и можности на индивидуата, а не само семејството од кое потекнува.

Сепак, истражувањето открива силна врска меѓу степенот на образование на децата и нивните родители. Во 2019 година, 83 отсто денешни возрасни на возраст меѓу 25-59 години во ЕУ кои се со низок степен на образование велат дека и нивните родители биле со низок степен на образование.

Дури 40 отсто млади луѓе кои биле опфатени со истражувањето имале мајка која завршила само основно училиште или помалку. Влијанието на културниот капитал од рдителите се забележува и на рана возраст кај децата при нивниот избор на средно училиште.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот