О’Брајан: Преговорите меѓу Белград и Приштина веќе напредуваат

Фото: Принтскрин

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Роберт О’Брајан, кој заедно со Ричард Гренел, е домаќин на делегациите на Белград и Приштина, на останокот во Белата куќа, изјави дека „веќе има напредок” во разговорите за економските теми.

„Лидерите на Србија и Косово веќе напредуваат. Нашите разговори утринава беа насочени кон поддршка на економските врски и економска нормализација“, напиша О’Брајан на Твитер, заедно со слики од разговорите на двете делегации.

Тој додаде дека се радува на натамошните дискусии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот