Обрадовиќ објасни зошто нема да биде селектор на Србија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Репрезентацијата на Србија имаше одлични настапи на последните две големи натпреварувања на кои освои сребро на Мундијалот и бронза на Олимписките игри, сепак и во таква ситуација се уште нема одлука за продолжување на соработката со селекторот Светислав Пешиќ.

Пешиќ во овој момент е без договор, а се случи и смена на чело на федерацијата, па се шпекулираше дека Жељко Обрадовиќ е главен фаворит за нов српски селектор.

Сепак, сега се огласи самиот Обрадовиќ кој јасно стави крај на тие шпекулации.

„Нема да се вратам на селекторската функција, нема шанси. Таа приказна за мене заврши во 2005 година. Постојат луѓе во федерацијата со кои сум близок, Предраг Даниловиќ (новиот претседател) беше мој играч во Партизан. Тука сум ако треба помош со одредени идеи, но селекторската работа за мене одамна е завршена“, објасни Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот