Обрадовиќ: Вучиќ и Ѓукановиќ „режираат“ инциденти во Црна Гора за да го свртат вниманието на јавноста

Лидерот на српското Движење Двери Бошко Обрадовиќ смета дека претседателите на Србија и на Црна Гора Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ „режираат” инциденти во Црна Гора за да го свртат вниманието на јавноста и да го скршат отпорот на народот и на Српската православна црква против законот за вероисповест.

Обрадовиќ оцени дека Вучиќ стравува дека „случувањето народ” од Црна Гора може да се пренесе и во Србија, кога луѓето овде ќе сфатат дека Ѓукановиќ и Вучиќ цело време работат заедно и оти „Мило за сите свои политички активности има поддршка од претседателот на Србија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот