Обрадовиќ полуде: Е*ете се сите, е*и се Џиџи (ВИДЕО)

принтскрин

На екипата на Фенербахче дефинитивно не и цветаат розите оваа сезона, турскиот гигант реди само порази во Евролигата. Последниот пораз дојде во Москва од актуелниот шампион ЦСКА која славеше со 88:70.

Но поразот на турскиот тим ќе остане во сенка на тренерот Жељко Обрадовиќ кој на еден од тајм аутите ги загуби живците, а неговиот испад го фатија и камерите.

„Вие сте добри момци. Да, вие сте добри момци. Е*ете се сите. Сакате да ви повторам милион пати? Е*и се Џиџи Датоме! Ок? Засрами се! и ти Махмутоглу“,се дереше Обрадовиќ на своите кошаркари.


Фенербахче кој е најскап тим во Евролигата, по осум кола има скор од само две победи и дури шест порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот