Фенербахче: Тренерот Обрадовиќ го напушти Истанбул, но…!

twitter/Fenerbahçe Beko

Српскиот стратег се очекува да се врати во турскиот клуб на почетокот на следната недела…

Преговорите помеѓу Жељко Обрадовиќ и челниците на Фенербахче за продолжување на соработката се главна тема во кошаркарска Европа веќе неколку дена.

Денеска се појавија различни информации кои говорат дека разговорите се успешни и дека договорот на српскиот стратег со турскиот гигант би требало да трае уште три години.

Воедно најтрофејниот европски тренер прифатил на значајно намалување на платата во однос на досегашниот договор кој го имаше.

Клубот објави официјално соопштение во кое се потврдува дека преговорите се завршени, но…

Завршени се преговорите за планирање за следната сезона помеѓу ценетиот тренер на нашата кошаркарска екипа, Жељко Обрадовиќ и нашиот претседател Али Коч и заменик-претседателот Семих Озои.

Нашиот ценет тренер Жељко Обрадовиќ денеска го напушти Истанбул и ќе се врати во нашиот клуб на почетокот на следната недела по средбата со членовите на неговото семејство.

Според тоа, потребните информации ќе бидат дадени на јавноста во наредните денови – се вели во соопштението на Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот