Обрадовиќ: Опозицијата е подготвена за разговор со делегацијата на ЕП само за поместување на изборниот термин

Лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ изјави денеска дека делегацијата на Европскиот парламент е добредојдена во Србија, но дека припадниците на опозицијата собрани во Сојузот за Србија (СзС) се подготвени да разговараат со нив само за поместување на изборниот термин.

Обрадовиќ го повтори ставот дека е важно да се одложи терминот за избори од пролет на есента 2020 година, како и дека е потребно формирање на техничка влада според примерите на Црна Гора и Северна Македонија.

На прес-конференцијата во српскиот парламент, Обрадовиќ истакна дека СзС нема да учествува на утрешниот дијалог на претставниците на власта и на опозицијата со посредство на Европската унија, затоа што станува збор за „лажен дијалог”.

-Нема да се појавиме затоа што не ја признаваме поканата на претседателката на Собранието Маја Гојковиќ, чија оставка ја бараме заради нарушување на српскиот парламент, изјави Обрадовиќ.

Од друга страна, Владимир Билчик, новиот известувач на Европскиот парламент за Србија и Тања Фајон, претседателка на делегацијата во Комитетот за стабилизација и асоцијација на Србија и ЕУ, во авторски текст за „Блиц” ја истакнаа важноста на утрешниот втор круг на меѓупартискиот дијалог меѓу властите и опозицијата во Србија.

-Ние доаѓаме од различни политички семејства (партии) во Европскиот парламент, но обајцата споделуваме длабока посветеност да работиме за демократска и проевропска Србија. Србија е најголемата земја и економски лидер на Западен Балкан. Нејзиниот успех е клучен за европската перспектива на целиот регион, особено сега откако Европскиот совет не успеа да се договори за отварање на преговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија , напишаа Билчик и Фајонова, кои ќе им се придружат на поранешните европратеници Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн во меѓупартискиот дијалог во Белград.

Тие додаваат дека времето е од суштинска важност и затоа и Владата и опозицијата мора да се придвижат од своите почетни позиции за да не ја испуштат оваа одлична можност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот