Обрадовиќ: НБА е „мафија“, не сакам таму да работам!

twitter/Fenerbahçe Beko

Најтрофејниот европски кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ не планира да води клуб во НБА лигата, тоа не го интересира, бидејќи таму „мафијата“ не дозволува да работат европските тренери.

Долги години поминаа, но Обрадовиќ остана во Европа, а како што стојат нештата, на Стариот континент ќе ја заврши и тренерската кариера.

– Задоволен сум од животот во Европа и не мислам на НБА. Знам дека тоа е најдобрата лига на светот и дека организацијата е неверојатна, но Европа е процес, од година во година се развива…Невозможно е да бидат достигнати поради парите кои ги вложуваат таму, но и Евролигата е на едно многу високо ниво. Оваа наша кошарка е можеби поинтересна од НБА, тоа навистина го мислат многу луѓе – рече Обрадовиќ за „Спортандо“.

Се надева дека еден еден европски тренер ќе замине во НБА и ќе ги покаже сите вештини.

– Потсетете се што се случи пред тоа. Мајк Дантони е Американец, а роден и порасна во Европа. Потоа, Дејвид Блат е Американец, следува Игор Кокошков кој таму работеше 20 години пред да добие шанса да води НБА тим. Нема европски тренер. Знаете зошто? Бидејќи НБА е „мафија“ – додаде Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот