Обрадовиќ на крајот сепак останува во Фенербахче

твитер

Жељко Обрадовиќ ќе го предводи турскиот клуб и во иднина откако постигна договор за продолжување на соработката, јавуваат турските медиуми.

Иако во изминатите денови се шпекулираше дека најтрофејниот европски тренер ќе го напушти Фенербахче кога на лето ќе му истече договорот, но последните информации од Турција велат дека српскиот тренер пронашол заеднички јазик за продолжување на соработката.

Според медиумите, Обрадовиќ ќе потпише нов двегодишен договор, а засега финансиските детали не се познати.

Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенербахче седи во 2013 година, а најголемиот успех го направи во 2017 година кога триумфира во Евролигата. Дел од шампионскиот тим беше и актуелниот претседател на КФСМ, Перо Антиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот