Обожавател ѝ кажа на Селма Хајек дека има премногу ботокс, а еве што му одговори таа! (ФОТО)

Актерката Селма Хајек (53) и во шестата деценија од животот воодушевува со својата убавина.

Холивудската ѕвезда на Инстагарам објави фотографија на која позира под палма, а до израз доаѓа нејзиното совршено лице.

– Ветар, воздух – напишала накратко Селма.

Еве ја таа фотографија:

View this post on Instagram

#wind #aire

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) on

По оваа објава Инстаграм се преплави со лавина од коментари, а многумина напишаа дека таа изгледа фантастично.

Меѓутоа, еден фан сметаше дека Хајек користи премногу ботокс.

– Премногу ботокс. Не е потребно, Селма – напиша обожавателот.

Хајек на ова изреагира, па на фанот му одговори на културен начин.

– Немам ботокс. Но, ти благодарам за советот, бидејќи размислував дека можеби е време – му одговори таа.

Еве, како изгледаше тоа:

Фото: Принтскрин

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот