ОБОЖАВАТЕ ОВОШЈЕ? Внимавајте да не си наштетите со премногу фруктоза

овошје
Овошје, фото: Архива

Многумина го заменуваат појадокот со овошје или овошно смути, но дали таквиот избор е толку здрав колку што ни се чини.

Факт е дека колку и да ни е вкусно, можеме да претераме со внесената количина овошје, кое содржи фриктоза, која пак може да предизвика низа проблеми со работата на организмот.

Всушност, во 20-30% од случаите на замастен црн дроб се должи на претеран внес на овошје.

Препораката на нутриционистите е да се внесуваат пет порции овошје и зеленчук во текот на денот, со тоа што зеленчукот има предност. Бананите, јаболката и сливите имаат многу повеќе шеќер во споредба со цитрусите и шумското овошје.

Исто така, овошните киселини може да наштетат на дигестивниот систем, па поради тоа овошјето е подобро да се јаде по појадокот, наместо него.

Што се однесува на овошните пијалаци, нутриционистите не ги препорачуваат, бидејќи во течна форма ги консумираме во поголема количина од препорачаната, а со тоа внесуваме и многу повеќе шеќер од препорачаните дневни дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот