ОБОЕНА И ИШИШАНА: Градоначалничка во Боливија мета на бесот на демонстрантите (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Десетици илјади луѓе ги преплавиле синоќа улиците во Ла Паза, во Боливија, каде имало голем судир на поддржувачите на претседателот и негови противници кои се сомневаат во законитоста на победата на Моралес на изборите. Во градот Винта, опозициските демонстранти ја нападнале градоначалничката.

Градоначалничката на градот Винта, Патрисија Арче, политички блиска до претседателот Ево Моралес, не успеала да ги избегне суровите антивладини демонстранти.

Тие ја фатиле при нејзиниот обид за бегство, на сила ја извлекле боса, и фрлиле црвена боја и потоа и ја отсекле косата.

„Со мене е вистината и не се плашам да ја кажам мојата вистина. Живеам во слободна држава и нема да ме замолчите. Ако ме сакате мртва, убијте ме. И сега како некогаш кажувам, ќе го дадам животот за нашето движење за промени“, рекла градоначалничката.

Опозицијата тврди дека Моралес крадел гласови на неодамнешните претседателски избори, што донесе до протести ширум Боливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот