Обновени 50 отсто од нафтата во нападнатата рафинерија

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман, соопшти дека се обновени 50 отсто од производството на нафта кое беше намалено по нападот на рафинеријата.

На конференција во Џеда, принцот додаде дека до крајот на месецот капацитетот на производството ќе биде подигнат до 11 милиони барели на ден. Пред нападот се произведувале околу 9,6 милиони барели дневно.

Нафтените постројки на Сауди Арамко беа нападнати во саботата со дронови и крстосувачки ракети, со што беше намалено производството на нафта за 5,7 барели дневно, што е околу пет отсто од светското производство на нафта.

Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот