Обложувалниците го знаат наследникот на Солскјер, ги објавија коефициентите за новиот тренер
По поразот на Манчестер јунајтед од Башакшехир во Лигата на шампионите, дополнително се зоглеми притисокот врз Оле Гунар Солскјер на кого му се одбројани деновите.
Така барем размислуваат англиските обложувалници кои го поставија менаџерот на Манчестер јунајтед за главен фаворит прв да добие отказ во Премиер лигата, и коефициентите на Солскјер драстично паднаа по вчерашниот пораз во конкуренција со тренерите на ВБА и Фулам, Славен Билиќ и Скот Паркер.
Според обложувалниците, Солскјер доколку загуби наредниот викенд против Евертон, ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед бидејќи ќе добие дополнително време да ја консолидира екипата за време на репрезентативната пауза по што првиот кикс и пораз ќе значи негово заминување од тренерското столче.
Главен фаворит за негов наследник е поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино за кого коефициентот изнесува 3.00 дека ќе биде нов тренер на Јунајтед, а по него следува Масимилијано Алегри со 7.00, додека изненадувачки на третото место се наоѓа менаџерот на Саутемптон, Ралф Хазелхутл, кој прави чуда сезонава.
Медиумите информираат дека Покетино веќе бил повикан на разговор со челниците на „црвените ѓаволи“ и очекуваат да седне на клупата најдоцна до градското дерви против Манчестер сити кое треба да се игра во декември.