Обложувалниците го предвидуваат новиот шампион во Лига Европа!

epa08617406 Players of Sevilla lift the trophy after winning the UEFA Europa League final match between Sevilla FC and Inter Milan in Cologne, Germany 21 August 2020. EPA-EFE/Ina Fassbender / POOL

В четврток (22 октомври) официјално ќе започне новата сезона и во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Минатата сезона титулата во Лига Европа ја освои Севиља, а во пресрет на новата 2020/21 обложувалниците вообичаено ги одвојуваат екипите со најголеми шанси за трофејот во ова натпреварување.

Според „oddsportal.com“, на делба на првото место (квота, 8.06) се наоѓаат две англиски екипи, или доколку сакате подобро премиерлигашите Арсенал и Тотенхем. Голманот на „топчиите“ Дејан Илиев моментно е на позајмица во Шрусбери таун.

Тотенхем на португалскиот менаџер Жозе Мурињо мораше да помине дури три квалификациски кола (помеѓу нив и против Шкендија) за да стигне до групната фаза, а еве веќе е главен фаворит за титулата во ЛЕ.

Фото: Принтскрин/oddsportal.com

Во неделата Тотенхем прокоцка предност од 3:0 против Вест Хем, а утре од 21.00 часот во рамките од групата „Ј“ ќе се обиде да го поправи впечатокот против ЛАСК од Австрија.

Трет фаворит сезонава во Лига Европа е Милан, а на четвртата позиција е Наполи на Елиф Елмас. Првата „десетка“ ја комплетираат Лестер, Виљареал, Баер Леверкузен, Рома, Реал Сосиедад и Бенфика.

Во големата листа на учесници (вкупно 48) некаде околу средината на фаворити е Динамо Загреб на Аријан Адеми, а на самото дно како најголеми „аутсајдери“ заедно со Дандалк и Омонија е Риека на Дарко Велковски и Милан Ристовски (повреден).

Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот