Обложувалниците без дилеми – кој е фаворит меѓу Ѓоковиќ и Федерер? (ФОТО)

На ред е нов епски дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер. Лутите ривали и воедно големи пријатели по 49 пат ќе ги одмерат силите, а овојпат влогот е пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

Од групата „Бјерн Борг“ пласман во завршницата обезбеди Доминик Тим, а ќе му се придружат Ноле или Рожер.

Светските обложувалници немаат дилеми, многу поблиску до победата е српскиот тенисер кој има квота од 1,35, а за триумф на Швајцарецот од 3,00 до 3,20. Воедно „букмејкерите“ предвидуваат победа на Ноле со резултат 2:0 во сетови, а коефициентот за тој точен резултат е 1,80.

Ѓоковиќ и Федерер досега се сретнале 48 пати, а српскиот тенисер води со 26:22 во победи. На Завршниот турнир Новак славеше трипати, додека Швајцарецот двапати го победи српскиот ас. Федерер го предаде и финалето во 2014. година.

Последниот меч кој Ѓоковиќ и Федерер го одиграа беше незаборавното финале на „Вимблдон“, кој Србинот го реши во своја корист после пет часа игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот