Облините секогаш во преден план: Софија Вергара бомбардира со нејзини стари фотографии, а фановите воопшто не се жалат затоа што изгледа неверојатно

Веќе некое време, колумбиската актерка Софија Вергара, една од најплатените телевизиски актерки во Холивуд, носталгично се сеќава на добрите стари денови и споделува фотографии на социјалните мрежи.

Објавува фотографии од 90-тите и почетокот на 2000 година, кога само што зачекоруваше во филмскиот бизнис, а сè уште не се занимаваше со манекенство.

По објавувањето на серија стари фотографии од минатото на кои се навраќа Софија Вергара, таа се враќа на своите почетоци и пробивањето во светот на шоубизнисот.

На една Софија позира за насловна страница на еден календар за 2000 година. Атрактивната Колумбијка изгледа неверојатно и пред 20 години.

Instagram

За таа фотосесија е облечена во прилепен дводелен комплет во металик боја кој треба да одговара со автомобилот во позадина кој го претставува. Но, малкумина, покрај нејзината убавина и прекрасни облини, можат да се фокусираат на автомобилот.

Во една пригода, самата Софија изјави дека нејзините големи гради ѝ помогнале да напредува во кариерата.

Instagram

„Благодарна сум што ги имам и, искрено, тие многу ми помогнаа во мојата кариера. Отсекогаш сум се чувствувала секси“, одамна изјави Вергара.

По рекламата за освежителен пијалок, таа беше ангажирана како ко-водител во две популарни колумбиски телевизиски емисии кои ѝ ги донесоа и нејзините први актерски улоги.

Instagram

Иако поминаа 20 години од кога се снимени овие фотографии, нејзините следбеници едногласно се согласија дека славната актерка со годините изгледа сè подобро и дека како воопшто да не старее!

Софија Вергара е една од најубавите актерки во светот, а убавината во нејзиниот случај не е минлива.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот