Облекувајте се соодветно, избегнувајте порнографија: Нови правила за правилно однесување на кинеската Комунистичка партија

Од буџетирање за свадби во рурални средини до соодветно облекување и избегнување на порнографија на Интернет, кинеската комунистичка паритија објави нови упатства за подобрување на „моралните квалитети“ на нејзините жители.

Официјални лица објавија неколку комплети на упатства оваа недела, откако високи претставници на власта тајно состаночеа и разговараа за иднината на земјата.

Во неделата, кинеската влада објави рамки за имлементација на моралната конструкција на граѓаните во новата ера – која ги советува Кинезите како да го користат Интернетот, да ги воспитуваат децата, да ги слават државните празници и како да се однесуваат кога патуваат во странство.

Овие насоки од Централана комисија за водење на културолошки и етички напредок повикува за градење на „кинески дух, вредности и моќ“ на граѓаните од Кина. Овие текстови ги повикуваат граѓаните, меѓу другото, да избегнуваат порнографија и вулгарности на Интернет, како и да следат правилни манири кога се подига кинеското знаме или кога ја пеат националната химна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот