Облечете се потопло доколку новогодишната ноќ планирате да ја минете на плоштад

Фото: Слободен печат

Сите кои планирате вечерва да се забавувате со Дино Мерлин, кој ќе пее на Плоштад „Македонија“, облечете потопла облека, ќе дува силен ветер.

Вечерва во текот на Новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

Сите кои планирате вечерва да се забавувате со Дино Мерлин, кој ќе пее на Плоштад „Македонија“, облечете потопла облека, ќе дува силен ветер.

Денеска времето беше претежно сончево, со појава на мала до умерена облачност кон крајот на денот. Максималната температура во земјава денеска се движи во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје времето беше сончево, попладне со појава на мала облачност, со максимална температура до 3 степени.

Утрово во земјава најстудено беше во Маврово каде се измерени -12 степени целзиусови и Лазарополе -11 степени, а најтопло во Гевгелија 0 степени целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот