Облечете го џемперчето од баба за да изгледате секси! Погледнете како да го направите тоа! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Колку и да се топли и удобни, често ги нарекуваат „облека за баби“. Но, не мора да биде секогаш така…

Оваа сезона џемперите се апсолутен „must have“, а ако сакате во нив да изгледате секси, погледнете како го прават тоа светските убавици.

Фото: Профимедиа

Откако холивудската актерка Кејти Холмс се појави со џемперче од 88.000 денари, а под кое имаше само градник во иста боја, овој едноставен стајлинг стана тренд број еден во светот.

Фото: Профимедиа

Како едно обично џемперче да ве направи задоволни? Многу едноставно. Не е важно како изгледа, дали е направен од густ памук или со дупки, туку што носите под него и дали воопшто носите нешто.

Фото: Профимедиа

Поранешната сопруга на Том Круз му даде секси нота, па откопчала неколку копчиња и покажала голо рамо. Многу мудро „дозволила“ под џемперот да се наѕира долната облека.  А, ако сакате вашата дневна комбинација да изгледа привлечено, џемперот искомбинирајте го со фамерки и чизми на високи потпетци.

Фото: Профимедиа

И манекенката Бела Хадид направи чекор повеќе. Таа воопшто не носеше градник под џемперот, а за разлика од Кејти, таа закопчала само едно копче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот