Облечени се фантастично, но… КОЈ ПЛАЌА за облеката на Меган и Кејт?

Profimedia

Меган Маркл и Кејт Мидлтон се појавуваат на многу јавни настани и нивните фустани чинат стотици, па и илјадници долари. Па, сепак, тие се модни икони и сите едвај чекаат да видат што ќе облечат следниот пат.

А како Меган и Кејт добиваат пари за финансирање на своите „неверојатни“ ормари?

И Меган и Кејт пред бракот не добивале никаква финансиска помош од кралското семејство.

Кога Меган и принцот Хари се свршиле, таа морала сама или со помош од својот свршеник да ја плати целата облека. Но Меган можела да си го дозволи тоа бидејќи нејзиниот имот пред венчавката бил проценет на 7 милиони долари.

Исто така е познато дека сама си ја платила „Живанши“ венчаницата, која чинела повеќе од 100.000 долари.

Image result for meghan markle and kate middleton wedding dresses
Profimedia

Семејството на Кејт Мидлтон, наводно ја платило венчаницата, креација на Сара Буртон, која сега чини повеќе од 400.000 долари. Се проценува дека чинела 200.000 долари кога семејството ја купило. Иако Кејт не е дел од племството, тоа не значи дека нејзиното семејство нема пари. Нејзиниот имот е проценет на 10 милиони долари, а компанијата што ја поседува нејзиното семејство наводно вреди 5 милиони долари.

По венчавката двете девојки добиваат финансиска помош од кралското семејство.

tportal

Вилијам, Хари и Кејт располагале со 4,8 милиони долари за финансирање на својот јавен живот, што подразбира плати, канцелариски трошоци и други трошоци како што е облеката.

Овој износ наводно се зголемил на 6,5 милиони долари кога Меган се приклучила во семејството.

А што се случува со носената облека?

Најверојатно Меган и Кејт ќе ги следат стапките на принцезата Дијана и својата „износена“ облека ќе ја донираат во добротворни цели.

Пред смртта принцезата Дијана дала 79 фустани и собрала 3,25 милиони долари, кои  ги донирала на фондациите за развивање лек за рак и СИДА.

Princeza Diana
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот