Облечена во венчаница упаднала на свадбата на љубовникот!

илустрација

Видеоснимката од јужноафриканскиот град Бенони, иако е од подамна сè уште е актуелна и привлекува внимание.

Девојка облечена во венчаница упаднала на венчавката на нејзиниот љубовник и неговата избраничка, па се прошетала до олтарот.

Малку е да се каже дека сватовите биле изненадени. Сите биле во целосен шок, а особено невестата и младоженецот. Некои од гостите толку се вознемириле што почнале да врескаат.

На снимката се гледа како неколкумина се обидуваат да ја вразумат и да ја оддалечат за да продолжат со церемонијата.

Видеото некој го објавил на Твитер и веднаш станало вирален хит.

Наводно се работело за жена која му била љубовница на младоженецот.

„Те молам, излези од црквата. Немој да ми го упропастиш овој ден“, ѝ рекол младоженецот.

Погледнете како изгледало сето тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот