Облак: Нема да биде лесно, но дојдовме по трите бода!

twitter.com/Betfred

Македонската фудбалска репрезентација в четврток од 20.45 часот против Словенија ќе го игра седмиот квалификациски натпревар, што е многу важен за пласман на континенталниот собир во 2020 година.

На денешната прес конференција, првиот репрезентативен голман на Словенија, Јан Облак има пофалби за нашата репрезентација, и воедно истакнува дека задачата нема да биде лесна.

– На првиот дуел пред нашите навивачи Македонија се покажа како една силна репрезентација, која има добар тим, индивидуалци. Не остваривме резултат каков што посакувавме на тој дуел (1:1). Затоа сега се надеваме дека в четврток ќе биде поразлично и покажеме многу повеќе. Знаеме дека нема да ни биде лесно. Македонија игра дома, атмосферата очекувам да биде одлична. Едвај чекаме да започне натпреварот. Се надевам дека на крајот ќе ги освоиме трите бода – вели Облак, чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид.

Додаде играта на Словенија напредува од натпревар во натпревар, иако призна дека е променлива формата кај дел од играчите.

– Мораме да покажеме поголема желба за игра, за победа. Со „ладна глава“ да му пристапиме на мечот. Трпеливо да ја чекаме шансата, да не брзаме – додаде Облак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот