Облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

облачно, временска прогноза
Облачно време, илустрација / Фото: Слободен печат, архива

Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), поинтензивни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 28 степени.

И утре, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град.

Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд и грмежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот