Облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Температурата во Скопје ќе се движи од девет до 16 степени.

Под влијание на влажни бранови, во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда, особено во југоисточните делови. По котлините и натаму ќе има појава на магла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот