Облачно со повремени врнежи претежно од снег

Фото: Принтскрин

Времето во државава ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни врнежи се очекуваат попладне и во вечерните часови во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Според податоците на Упрвата за хидрометеролошки работи (УХМР), најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 19 сантиметри, во Дебар 17, Пожаране 12,  Штип 9,  Лазарополе и Тетово 8 сантиметри, во Берово 7, Крушево и Виница 6, Гевгелија и Дојран 5,  Струмица, Д. Капија, К.Паланка и Куманово 4, во Прилеп 2  и еден сантиметар во Претор и Тополчани.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд. Потоа до сабота ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи, кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот