Облачно со повремен дожд, на планините снег

Фото: Архива на „Слободен печат“

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре и в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот