Облачно со пониски температури и наместа нестабилно

Парк / Фото: МИА

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од утре до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот