Облачно и студено со врнежи од дожд, на планините снег

Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови, а локално ќе наврнат над 20 л/м2. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали.

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови, а локално ќе наврнат над 20 л/м2. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.

Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер. Утринските температури кон крајот на неделата на повеќе места ќе бидат негативни, информираат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот