Облачно и студено со дожд и ветер

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 литри дожд на квадратен метар.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Извор: МИА

Видео на денот