Облачно и магливо време, од петок пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Маглата вдолж Повардарието ќе се задржи до раните попладневни часови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.  Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне и околу пладне магливо и облачно, попладне маглата и облачноста ќе се намалат. Температурата ќе биде до 17 степени.

Утре ќе преовладува облачно и магливо време, а во четврток ќе биде посончево, информира Управата за хидрометеоролшки работи.

Во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен дозасилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а пладневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот