Објектот кај поранешно „Беко“ се градел без дозвола, подигнато обвинение

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот, како одговорно лице – управител во фирмата, почнувајќи од 2018 година, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата Даме Груев во Општина Центар.

 За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016 година добил одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа „Беко“ Скопје со ширина од 28,5 метри и должина од 42,5 метри. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 метар на 34,5 метри – информираат од ОЈО.

Оттаму додаваат дека без дозбола за градба биле изградени две подземни нивоа од градбата, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5, односно хотелски комплекси од втора категорија на градби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот