Објавиле на интернет како се прават БОМБИ – Три држави ја АЛАРМИРАЛЕ полицијата

Германската полиција соопштила денес дека заедно со полицијата на Литванија и Хрватска изгаснале веб страница на која се наоѓале упатства за правење на бомба.

Полицијата во Готинген соопштила дека околу 1.000 службеници учествувале во претреси против 22 осомничени лица поврзани со страницата xplosives.net.

Шефот на полицијата во Готинген, Уве Луехринг рекол дека го заплениле серверот на сајтот и бројни уреди за складирање. Тој додал дека сајтот содржел информации за тоа како да се направи воено оружје и експлозив.

Полицијата запленила и неодредена количина на експлозив и дрога за време на рацијата во трите земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот