Објавени списоците на корисници за финансиска помош за справување со енергетската криза

Министерство за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика утрово ги објави списоците за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза,

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13 февруари.

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на повозрасни лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени списоците за корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

Веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави список на невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, информира МТСП и додаваат дека приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството или по електронска пошта [email protected].

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот