ОБЈАВЕНИ СНИМКИ ОД ПУКАЊЕТО: Убиени напаѓачите од Њу Џерси, меѓу мртвите и полицаец (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Вкупно шест лица, помеѓу кои полицаец и случајни минувачи, се убиени во пукање кое се случи вчера на улиците во Џерси Сити, во американската држава Њу Џерси, а на социјалните мрежи сега се појави и снимка од инцидентот.

Камерите го забележале моментот кога двајца вооружени напаѓачи влегле во супермаркетот каде се случило пукањето, како и луѓе кои во паника бегаат од местото на настанот.

https://twitter.com/Breaking911/status/1204819147890331648

Во пукањето се повредени и три лица, помеѓу кои двајца полицајци и еден цивил, додека напаѓачите биле ликвидирани, информирал шефот на локалната полиција Мајкл Кели.

Инцидентот се случи во вторникот во центарот на Џерси Сити, каде живеат околу 270.000 жители. Покрај во супермаркет, пукање било регистрирано и во околните гробишта.

Мотивот за нападот не е познат, а според првичните информации, нападот не се поврзува со тероризам.

https://twitter.com/Breaking911/status/1204842804431785985

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот