Објавени резултатите од Конкурсот за прием на бруцоши во студентските домови во Скопје

Студентски дом Кузман Јосифовски Питу/Фото: Архива СП

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти од прва година на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.

Од Министерството информираат и дека студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена, (од денот на објавување на резултатите), кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.

„Уште еднаш напоменуваме дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б“, стои во соопштението од МОН.

Резултатите од Конкурсот може да ги најдете на следниов ЛИНК.

Резултатите по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 15.10.2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот